Bakir Tiro
20 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
КИЕВ (АА) - Дарио Срна (35) беше позитивен на тестот за допинг, направен по минатонеделниот натпревар меѓу Шахтјор и Наполи (2:1), пишуваат украинските медиуми, наведувајќи дека чекаат потврдна информација од клубот на хрватскиот репрезентативец, јавува Anadolu Agency (AA).
Од ФК Шахтјор досега не ги демантираа медиумите, укажувајќи дека за целиот случај ќе биде издадено официјално соопштение за јавноста.
Срна по триумфот над Наполи го пропушти последниот натпревар од домашното првенство против Черноморец во Одеса, на што Пауло Фонсека, тренерот на Шахтар, изјави дека му е потребен одмор, па поради тоа е поштеден од патувањето.
Сепак, ниту од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не ги негираат или потврдуваат тврдењата на украинските медиуми.
„Ние не коментираме за случаите пред одлуките на нашите дисциплински тела“, велат од УЕФА.