Fatih Erel
21 Септември 2017•Ажурирај: 22 Септември 2017
НИОН (АА) - Истанбул ќе биде домаќин на Супер купот на УЕФА во 2019 година, објави УЕФА вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
„Фудбалскиот стадион 'Водафон Арена', кој се наоѓа во истанбулски Бешикташ, ќе биде домаќин на натпреварувањето“, објави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на прес-конференција во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.
Стадионот „Водафон Арена“ беше реновиран и повторно отворен во април 2016 година, со капацитет од околу 43.000 гледачи.
Стадионот „Естадио Метрополитано“ во Мадрид, Шпанија, ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2019 година.
Финалето на УЕФА Европа во 2019 година ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан.
Турскиот олимписки стадион во Истанбул беше домаќин на Финалето на Лигата на шампионите во 2005 година, а стадионот „Сукру Сарачоглу“ во Истанбул беше домаќин на финалето на Купот на УЕФА во 2009 година.