Mehmet Sevinç
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Бугарскиот тенисер Григор Димитров синоќа го изгуби мечот на финалето на АТП турнирот во Истанбул од младиот аргенстински тенисер Диего Шварцман, а од теренот е исратен со свиркање и негодување на публиката, не поради лошата игра, туку поради недоличното однесување и кршењето рекети на теренот, јавува Anadolu Agency (AA).
Шварцман (23) со победа над Димитров со 6:7, 7:6 и 6:0 го освои својот прв АТП пехар во кариерата, а во текот на совршената недела во Истанбул на патот до финалето ги совлада по ред Факундо Бањиса, Бернард Томиќ, Дамир Џумхур и Федерико Делбонис.
Меѓутоа, синоќешното финале ќе остане запомнето по неспортското однесување на поразениот финалист Димитров, кој поради тоа е и казнет во два наврати со давање поени, гем на неговиот противник.
Всушност, лутењето на тенисерите поради судска одлука или лош потег и кршење рекет со фрлање на теренот и не е некоја ретка појава, но Димитров синоќа повеќепати имаше напад на бес и скрши три рекета.
Димитров го освои првиот сет со резултат од 6:7, но во вториот Аргентинецот беше подобар во тајбрејкот и изедначи на 1:1. На крајот од третиот сет Димитров почна да ги губи нервите и искрши рекет. Видно изнервиран не можеше да го одржи изедначувањето па Шварцман дојде во предност со 4:0. Димитров скрши и втор рекет, а со одлука на судијата Аргентинецот дојде во водство со 5:0. Димитров потоа искрши уште еден рекет и повторно беше казнет, што значеше дека победник е Аргентинецот.