Fatih Erel
08 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - ФИФА започна истрага против поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Германија (ДФБ), Хелмут Сандрок, кој е обвивнет за неправилности околу добивањето на правото на Германија да биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2006 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на ФИФА се наведува дека од страна на Комисијата за судство на Независниот одбор за етика на ФИФА е отворена истрага за поранешниот генерален секретар на ДФБ, Хелмут Сандрок.
Во соопштението е наведено дека додека не се докаже вината на Сандрок, во согласност со презумпцијата на невиност, нема да се даваат никакви детални информации околу истрагата.