Ekip
15 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската репрезентација на Македонија со 441 поен односно пет помалку од претходно, падна за едно место и се најде на 75. позиција на најновата ФИФА ранг-листа на репрезентации објавена утрово, јавува Anadolu Agency (AA).
Најдобро пласирана репрезентација од земјите на Западен Балкан е Хрватска, која се наоѓа на 15. позиција со 1.053 поени. Србија ја задржа 34. позиција со 780 поени. Црна Гора падна за две позиции и се наоѓа на 46. место на листата со 675 поени. Албанија е 58. (557 поени), Словенија е 62. (537 поени), Македонија 75. (441 поен), а Косово 176. (97 поени).
На врвот на ФИФА ранг-листата меѓу 10. најдобрите светски репрезентации се наоѓа Германија со 1.609 поени, втор е Бразил со 1.489, трета е Португалија со 1.360, четврта Аргентина со 1.359. Петтопласирана е Белгија со 1.337, следуваат Полска и Шпанија со по 1.228, осмопласирана е Швајцарија со 1.197, деветта е Франција со 1.185 и десеттопласирана репрезентација е Чиле со 1.161 поен. Репрезентацијата на Турција се наоѓа на 38. позиција со 730 поени.