Şenhan Bolelli
19 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
МАДРИД (АА) - Шпанскиот фудбалски клуб Барселона оваа сезона можно е да оствари рекорден приход, а се очекува дека ќе изнесува над милијарда евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на каталонскиот клуб се наведува дека Барселона е клуб со најголеми приходи меѓу сите спортски клубови во светот.
Раководството на клубот од „Ноу Камп“ наведува дека очекувањата се дека клубот во фискалниот период 2019-2020 година ќе оствари добивка од 11 милиони евра. Инаку, традицијата на позитивно работење на клубот трае од 2011 година.
Барселона во последните девет години оствари вкупна добивка од 213 милиони евра.
Во споредба со минатата сезона, Барселона оваа година очекува рекордни приходи во вредност од 1,047 милијарди евра, што по подмирувањето на сите обврски и оданочувањето, ќе изнесува околу 11 милиони евра добивка.