Oktaj Omeragik
20 Септември 2019•Ажурирај: 20 Септември 2019
СКОПЈЕ
Синоќа се одиграа сите натпревари од 1. коло во УЕФА Лига Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во УЕФА Лига Европа, синоќа се одиграа 24 натпревари од 1. коло на второто по важност фудбалско клупско натпреварување во Европа, распоредени во 12 групи.
Најтешкиот пораз го претрпе екипата на Краснодар на гостувањето во Базел. Домаќините извојуваа победа од 5 : 0. Високи победи во првиот натпревар од Лига Европа постигна Лудогорец над ЦСКА Москва од 5 : 1, Рома го совлада Истанбул Башакшекир со 4 : 0, а со истиот резултат Волфсбергер го совлада домаќинот Борусија Менхенгладбах. Севиља на гостувањето во Баку извојува победа од 0 : 3 над Карабах, а Арсенал го совлада со 0 : 3 домаќинот Ајнтрахт Франкфурт.
Слован Братислава на домашен терен ја пречека екипата на Бешикташ. Првото полувреме заврши со предност на Бешикташ од 1 : 2 преку погодокот постигнат во 45+1 минута, а во второто полувреме Слован го изедначи резултатот, за во судиското продолжение да извојува победа од 4 : 2 со двата погодоци постигнати во 90+3 и 90+4 минута од натпреварот.
Резултати од 24-те средби одиграни синоќа:
Група А
Апоел - Дудаланж 3 : 4
Карабах - Севиља 0 : 3
Група Б
Динамо Киев - Малме 1 : 0
Копенхаген - Лугано 1 : 0
Група Ц
Базел - Краснодар 5 : 0
Хетафе - Трабзонспор 1 :
Група Д
ПСВ Ајндховен - Спортинг 3 : 2
Ласк - Розенборг 1 : 0
Група Е
Рен - Селтик 1 : 1
Клуж - Лацио 2 : 1
Група Ф
Ајнтрахт Франкфурт - Арсенал 0 : 3
Стандард Лиеж - Виторија Гимараиш 2 : 0
Група Г
Порто - Јанг Бојс 2 : 1
Ренџерс - Фејенорд 1 : 0
Група Х
Лудогорец - ЦСКА Москва 5 : 1
Еспањол - Ференцварош 1 : 1
Група И
Волфсбург - Олександрија 3 : 1
Гент - Сент-Етјен 3 : 2
Група Ј
Рома - Истанбул Башакшекир 4 : 0
Борусија Менхенгладбах - Волфсбергер 0 : 4
Група К
Вулверхемптон - Брага 0 : 1
Слован Братислава - Бешикташ 4 : 2
Група Л
Манчестер Јунајтед - Астана 1 : 0
Партизан - АЗ Алкмар 2 : 2