Mutlu Demirtaştan
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
ПЕКИНГ (АА) - Француската тенисерка, Каролин Гарсија, го освои ВТА турнирот во Пекинг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во моментот, 15. тенисерка во светот, Гарсија, во финалето ја победи романската ренисерка Симона Халеп со резултат 2:0 во сетови (6:4 и 7:6), што е нејзина втора титула по ред откако минатиот викенд го освои ВТА турнирот во Вухан.
На Гарсија во финалниот меч на тврда подлога ѝ требаше помалку од еден час да ја совлада фаворизираната Халеп.
Иако изгуби во финалето на турнирот вреден 3,38 милиони долари, романската тенисерка утре на новата ВТА листа ќе го заземе првото место и ќе стане првиот рекет на женскиот тенис во светот.