Bakir Tiro
09 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
ТАЛИН (АА) - Бакир Тиро - „A Le Coq Arena“ (А. Ле Кок Арена) во Талин, на којашто утре ќе се одигра натпреварот од последното коло од групата „H“ на квалификациите за Светското првенство „Русија 2018“, меѓу фубалските репрезентации на Естонија и на Босна и Херцеговина, е најмодерниот мал стадион во Европа.
Иако е речиси неверојатно и да се помисли, на стадионот на чиишто трибини и на теренот едвај може да собере 25.000 луѓе кога се одржуваат концерти, на 15 август следната година ќе се одигра Суперкупот на УЕФА.
За дуелот на победниците од Лигата на шампионите и од Лига Европа оваа сезона, во главниот естонскиот град се изведуваат последните работи од реконструкцијата на стадионот, каде што домашните средби, покрај националниот тим, ги игра и фудбалскиот клуб Флора Талин. Според планот и динамиката на работењето, до крајот на 2017 година, „А. Ле Кок Арена“ ќе има капацитет од 15.000 места за седење, а ќе влезе во историјата како најмалиот стадион на којшто ќе се одигра финалето на некое од големите натпреварувања на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), јавува од Талин репортерот на Anadolu Agency (AA).
Активностите за реконструкција на спортскиoт објект, отворен во 2001 година, започнаa во 2016. Покрај дополнителните седишта и покривот на трибините, наскоро до крај ќе биде изградена и главната зграда на стадионот.
УЕФА од 2013 година им ја доделува организацијата на натпреварите од Суперкупот на средноразвиени и помалку развиени фудбалски земји од Европа, со цел дополнително да ја поттикне изградбата на модерни стадиони во сите 55 земји-членки.
Талин ќе биде шестиот град во низата градови во коишто ќе се игра Суперкупот на УЕФА, откако традиционалната организација од 1998 година ја изгуби стадионот „Louis II“ (Луј II) во Кнежевството Монако. Прага (Чешка Република) беше домаќин на средбата на победниците од Лигата на шампионите и од Лига Европа, со кои е отворена сезоната натпревари на УЕФА во 2013 година, Кардиф (Велс) во 2014 година, Тбилиси (Грузија) во 2015, Трондхајм (Норвешка) во 2016 година и во Скопје (Македонија) 2017.
Во Естонија велат: „Организацијата на големите натпревари ја добивме најмногу поради тоа што во 2018 година одбележуваме 100-годишнина од основањето на републиката“.
Република Естонија стана независна држава на 24 февруари 1918 година. Од 1940 година беше под окупација на нацистичка Германија, за потоа да биде вклучена во составот на комунистичкиот Советски Сојуз. Естонија ја обнови својата независност на 6 септември 1991 година.
Државата се наоѓа во североисточна Европа, и се протега на површина од 45.336 квадратни километри, со само 1.315.635 жители според пописот оваа година. Се наоѓа на брегот на Балтичкото Море и на Финскиот Залив, и се граничи со Русија на исток и со Латвија на југ. Од Финска ја дели Финскиот Залив. Естонија е членка на Европската Унија (ЕУ) и на НАТО од 2004 година.