Mutlu Demirtaştan
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот премиерлигаш, Вест Хем Јунајтед, потпиша договор со францускиот одбранбен играч, Патрис Евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на клубот се наведува дека со Евра, кој има статус на слободен играч, е потпишан договор до крајот на сезоната.
36-годишниот одбранбен играч претходно го носеше дресот на различни тимови како Манчестер Јунајтед, Јувентус, Ница, Монако и Олимпик Марсеј.
Олимпик Марсеј минатата година го укина договорот со Евра поради тоа што францускиот играч на еден натпревар удри со нога навивач, а исто така беше суспендиран од натпреварите во УЕФА.