Alma Çekovic
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
ЛОНДОН (АА) - Офанзивецот на Челзи, Еден Азар (27) ги има сите предиспозиции за освојување на Златната топка, смета неговиот тимски колега Сеск Фабрегас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фабрегас, во пресрет на вечерашното гостување на Челзи кај Ватфорд, во рамките на 26. коло од Премиер лигата, изјави дека Азар поседува талент да биде именуван за најдобар фудбалер во светот.
„Тој е играч кој може да игра еден на еден, може да ја поседува топката, може да асистира и да покаже одлично умеење со топката“, рече Сеск Фабрегас во интервју за „Sky Sports“ (Скај Спортс).
Фабрегас истакна дека во својата долгогодишна кариера имал шанса да игра со најдобрите играчи и смета дека Белгиецот е еден од нив.
Белгискиот репрезентативец е еден од клучните играчи на Челзи, со кого минатата година ја освои титулата шампион на Англија. Оваа сезона постигна осум голови во лигата.