Furkan Naci Top
21 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
АТИНА
Солунскиот фудбалски клуб ПАОК е новиот фудбаски шампион во грчката Супер лига, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 29. коло во грчката фудбалска Супер лига, на стадионот „Тумба“ во Солун, ПАОК го пречека тимот на Левадијакос.
ПАОК успеа да го совлада Левадијакос со резултат 5:0.
Со оваа победа ПАОК го зголеми своето бодовно салдо на 77 поени, со што стана недостижен на едно коло пред завршувањето на сезоната за второпласираниот Олимпијакос.
Ова е трета шампионска титула во историјата на ПАОК.
ПАОК претходно беше шампион на Грција во сезоните 1975-1976 и 1984-1985.