Ekipa
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
ВОЛОС (АА) - Грчката полиција соопшти дека вчера најмалку десет лица, од кои две во тешка состојба, се одведени во болница, откако се повредени во судирите на навивачите на солунскиот ПАОК и атинскиот АЕК пред натпреварот на финалето на Купот на Грција во Волос, јавува Anadolu Agency (AA).
Уште четириесетмина навивачи добија медицинска помош на местото на судирот. На некои им се зашиени раните, но присуствуваа на финалната турнеја.
Судирот започна кога навивачите на ПАОК и AEK кои требаа да бидат одвоени, се сретнаа на пешачкиот мост пред стадионот кој полицијата не го обезбеди. Дојде до жестока тепачка која траеше околу половина час, сѐ додека полицијата не интервенираше со шок бомби и солзавец.
Од полицијата велат дека еден од тешко повредените навивачи се здобил со убодна рана со нож, додека други претрпел голем број удари во глава.
Инаку, финалниот натпревар е завршен со победа на ПАОК со резултат 2:1. Стрелци за солунскиот клуб беа Диего Бисесвар во 24. и Педро Хенрике во 81.минута, додека единствен гол за AEK беше делото на Лазарос Христодулополус во 26.минута.
Натпреварот на финалето ан Купот на Грција беше воедно и титула за репрезентативецот од Босна и Херцеговина Гојко Цимирота (ПАОК) од една и Огнен Врањеш (АЕК) од друга страна. Цимирот играше до 86. минута, додека Врањеш ја одигра целата средба.