спорт

Фудбалерот Анвар Ел Гази ја доби тужбата против Мајнц по отказот поради порака за поддршка на Палестина

- Судот му наложи на клубот да продолжи да му исплаќа на Ел Гази месечна плата од 150.000 евра и да биде вратен во клубот

Erbil Başay  | 13.07.2024 - Обновена : 14.07.2024
Фудбалерот Анвар Ел Гази ја доби тужбата против Мајнц по отказот поради порака за поддршка на Палестина

БЕРЛИН (АА) – Фудбалерот Анвар Ел Гази ја доби тужбата против германскиот бундеслигаш Мајнц по отказот што му го врачи раководството поради неговите пораки за поддршка на Палестина, пренесува Анадолу.

Трудовиот суд во Мајнц пресуди дека изјавите на холандскиот фудбалер спаѓаат во доменот на слободата на изразување и смета дека раскинувањето на неговиот договор е неважечко.

Судот му наложи на клубот да продолжи да му исплаќа на Ел Гази месечна плата од 150.000 евра и да биде вратен во клубот.

Мајнц прво го суспендираше, а потоа го предупреди Ел Гази во октомври за фразата „Од река до море“, која ја употреби на Инстаграм.

„Од река до море, Палестина ќе биде слободна“, е пропалестински слоган кој се однесува на областа помеѓу реката Јордан и Средоземното Море, која ги опфаќа Израел, Западниот Брег и Појасот Газа.

Ел Гази е слободен играч откако Мајнц го отпушти на 3. ноември минатата година.

„Заземете се за она што е исправно, дури и ако тоа значи дака стоите сами. Моето отпуштање не е ништо во споредба со пеколот што им се нанесува на невините луѓе во Газа“, порача Ел Гази претходно на социјалната мрежа Х.

Пред Мајнц, Ел Гази настапуваше за Ајакс, ПСВ Ајндховен, Астон Вила, Евертон и Лил. За холандската репрезентација одигра два натпревари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.