Fikret Kavğalı
04 Јули 2022•Ажурирај: 05 Јули 2022
АДАНА (АА) - Адана Демирспор, еден од суперлигашите на турската фудбалска лига Спор Тото, го позајми фудбалерот Јован Манев на една година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на клубот Адана Демирспор, 21-годишниот дефанзивен фудбалер од Северна Македонија е на позајмица на една година со опција на крајот на сезоната да се реализира трансфер откако екипата на Адана Демирспор ќе плати отштета на неговиот клуб.
Јован Манев играше за Брегалница Штип и младата селекција на Северна Македонија до 21 година.