Ekipa
23 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
МАДРИД (АА) - Шпанските обвинители побараа затворска казна од две години и парична казна од 10 милиони евра за бразилскиот фудбалер Нејмар, под обвинение за корупција, поради наводна неправилност при трансфер од Сантос во Барселона, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителите побараа идентична казна за таткото на Нејмар и за Сандро Росел, поранешниот претседател на Барселона. Росел се соочува и со дополнителна казна од три години затвор поради обвинение за предавство.
На сите споменати лица им се суди по жалбата што ја поднесе бразилскиот инвестициски фонд ДИС, кој имаше право на 40 отсто од трансферот на Нејмар во Барселона во 2013 година. Од ДИС тврдат дека добиле помал процент, бидејќи бил скриен дел од надоместокот за трансфер.