Mutlu Demirtaştan
14 Декември 2019•Ажурирај: 15 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Екипата на Хјустон Рокетс, членка на Националната американска кошаркарска лига (НБА), како гостин го совлада Орландо Меџик со 130:107, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Џејмс Харден, ѕвездата на Рокетси, приреди извонреден перформанс против Орландо постигнувајќи 54 поени, 7 асистенции, 5 скока, 3 блокади и 2 украдени топки, давајќи голем придонес во победата од 130:107. Ова е 17. победа на Рокетси сезонава. Харден стана првиот играч во НБА на кого му успеало на два последователни натпревара да има најмалку 10 тројки, притоа постигнувајќи повеќе од 50 поени.
Во редовите на Рокетси, покрај Харден, Расел Вестбрук постигна 23 поени, 7 скока и 6 асистенции и Бен Меклемор 18 поени, 2 асистенции и 1 скок.
Меџик го претрпе 14. пораз сезонава, три едноподруго, а најдобра игра во неговите редови прикажаа Иван Фурние со 27 поени, 2 скока и 2 асистенции и Арон Гордон со 21 поен, 6 скока и 4 асистенции.
- Бакс ја извојуваа 17-тата победа едноподруго -
Екипата на Милвоки Бакс, која е лидер во Источната конференција, ѝ гостуваше на екипата на Мемфис Гризли. Гостите извојуваа победа од 114:127, постигнувајќи ја својата 23. победа сезонава, 17. едноподруго.
Најпрецизни во Бакс беа Јанис Андетокумбо со дабл-дабл од 37 поени, 11 скока и 2 асистенции и Крис Мидлтон со 26 поени, 3 скока и 3 асистенции.
Истовремено ова беше 17. пораз на Гризлис. Одлична игра, но недоволно за да се избегне поразот, прикажаа Џарен Џексон Џуниор со 43 поени, 5 скока, 1 асистенција и Дилон Брукс со 19 поени, 3 асистенции и 2 скока.
Вечер на програмата се 8 натпревари.
- Резултати:
Мемфис Гризлис - Милвоки Бакс 114 : 127
Филаделфија Севентисиксерс - Њу Орлеанс Пеликанс 116 : 109
Орландо Меџик - Хјустон Рокетс 107 : 130
Мајами Хит - Лос Анџелес Лејкерс 110 : 113
Атланта Хоукс - Индијана Пејсерс 100 : 110
Минесота Тимберволвс - Лос Анџелес Клиперс 117 : 124
Чикаго Булс - Шарлот Хорнетс 73 : 83
Сакраменто Кингс - Њујорк Никс 101 : 103
Јута Џез - Голден Стејт Вориорс 114 : 106.