Bedrudin Brlyavac
14 Декември 2019•Ажурирај: 15 Декември 2019
ЛОНДОН
Ливерпул е подготвен да го урне клупскиот рекорд за да го доведе Бразилецот Нејмар од редовите на Париз Сен Жермен (ПСЖ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што пишува „ЕСПН“, управата на првакот на Европа сака дополнително да ја засили екипата доведувајќи го 27-годишниот Нејмар.
Во исто време се вели дека со трансферот на Бразилецот, кого го посакуваат и голем број други големи европски клубови, челниците на „црвените“ сакаат и следната година да бидат во врвот на европскиот фудбал.
Се проценува дека ова би бил најскапиот трансфер во историјата на клубот, а вкупната сума што би била исплатена за Бразилецот би можела да изнесува 300 милиони евра, што би бил рекорд и за сите други клубови од Англија.
Нејмар во својата досегашна фудбалска кариера играше за Сантос, Барселона и Париз Сен Жермен. Во дресот на ПСЖ настапи 45 пати, постигнувајќи 40 погодоци.