Dejan Maksimoviç
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
ЗАГРЕБ (АА) - На средбата помеѓу Марсонија и Славонија во Славонски Брод фудбалерот на домашниот тим Бруно Бобан почина на теренот, откако му се слоши во 15. минута, објавија хрватските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бруно Бобан имаше 26 години. На Фејсбук-страницата на Третата лига на Хрватска се наведува дека Бруно е брат на Габриел Бобан, кој игра во хрватскиот прволигаш Осијек. Се додава дека играл десно крило, а бил најдобар стрелец на Третата фудбалска лига на Хрватска - Исток со 12 гола оваа сезона.
Кариерата ја започнал во Загреб, а во Марсонија стигнал токму од ривалот Славонија.