Abdulkadir Karakaya
03 Март 2021•Ажурирај: 03 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Екипата на Хјустон Рокетс, член на американската Национална кошаркарска лига (НБА), ќе го повлече дресот со број 13, што го носеше поранешниот играч Џејмс Харден, известува Агенција Анадолија (АА).
Сопственикот на Рокетс, Тилман Фертита, во изјава за американските медиуми истакна дека Џејмс Харден, кој премина во редовите на Бруклин Нетс, засекогаш ќе остане ѕвезда на Рокетс.
Фертита, истакнувајќи дека 31-годишниот олстар-кошаркар прикажал незаборавен перформанс во дресот на Хјустон, продолжи со зборовите: „Се подразбира дека ќе го повлечеме неговиот дрес. Харден навистина прикажа извонреден перформанс во својот осумгодишен настап во дресот на Рокетс.“
Џејмс Харден, кој 8 пати настапи на олстар-натпревар и 3 пати беше најпрецизен играч, во јануари премина во редовите на Бруклин Нетс.
Американскиот градител на игра ќе стане 7-миот кошаркар на којшто му е повлечен дресот во Хјустон Рокетс.