Berad Büyük
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Церемонијата за сеќавање на 96 навивачи кои го загубија својот живот во несреќата на „Хилсборо“, најсмртоносната несреќа во англискиот фудбал, е одложена поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Англискиот клуб Ливерпул соопшти дека оваа година е одложена церемонијата која секоја година на 15 април се организира на стадионот „Енфилд“.
На 15 април 1989 година, на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд, вкупно 96 лица загинаа откако повеќе од 2.000 навивачи на Ливерпул беа притиснати на трибината зад голот, на стадионот со капацитет од 54.000 гледачи, кој во тој момент беше преполн за мечот против Нотингем Форест.