Berad Büyük
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ЛОНДОН (AA) – Поранешната фудбалска ѕвезда на лондонскиот Челзи, Петер Бонети, почина во 79.година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Раководството на клубот од Стемфорд Бриџ ја потврди веста за смрта на поранешниот голман кој е познат и под прекарот „The Cat“ (Мачка).
„Беше еден од најдобрите играчи во историјата на Челзи. Почивај во мир, Петер Бонети", се наведува во соопштението на клубот од Лондон.
Британските медиуми јавуваат дека Бонети веќе некое време тешко бил болен.
Бонети во дресот на Челзи настапи на 729 натпревари, а беше и член на репрезентацијата која во 1966 година го освои Светското првенство и на таа нација и донесе една таква титула.