Sezgin Pancar
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
МЕРСИН (АА) - Шахика Ерџумен, турската спортистка која е светска рекордерка во нуркање, во пештерата Гилиндире, во Мерсин, Турција, успеа во категоријата нуркање во еден здив без пераи да измине 100 метри, со што го урна светскиот рекорд во женска категорија, јавува Anadolu Agency (AA).
Шахика Ерџумен, со денови напорно тренирајќи, во утринските часови се нурна во водите на пештерата Гилиндире, во обид да го урне светскиот рекорд. На Ерџумен поддршка ѝ дадоа турското Министерство за индустрија и технологија, Министерството за млади и спорт и Агенцијата за развој на Чукурова.
Во водата на пештерата која е опкружена со остатоци од ледената доба, турската нуркачка во еден здив успеа да имине 100 метри, со што, надминувајќи ја границата од 90 метри, постави нов светски рекорд.
Шахика која со овој успех влезе во Гинисовата книга на рекорди, беше пресреќна од постигнатиот успех.
Изразувајќи го своето задоволство од поставениот нов светски рекорд уште додека беше во водите на пештерата со својата екипа, Шахика изјави „Овој рекорд нека биде подарок за турските војници по повод 96. годишнина на нашата Република.“