Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Март 2019•Ажурирај: 16 Март 2019
АНКАРА (АА) – Вработена во технолошкиот гигант „Гугл“ („Google“) го сруши рекордот во пресметката на бројот Пи (π), пресметувајќи ја најдолгата верзија на овој константен математички број, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ема Харука Ивао, која живее во Јапонија, има калкулирана верзија со 31 трилион цифри на бројот Пи со помош на 25 виртуелни калкулатори „Гугл Клауд“ („Google Cloud“), по повод Светскиот ден на овој број, кој се одбележува на 14 март“, јавува „Би-би-си“ (BBС).
Ивао го заврши пресметувањето за 121 ден, а за овој процес биле потребни податоци од 170 терабајти.
„Многу сум возбудена. Уште се трудам да се навикнам на оваа вистина. Навистина беше тешко да се сруши светскиот рекорд“, рече Ивао, потенцирајќи дека од детството се занимавала со бројот Пи.
Таа додаде дека бројот Пи нема крај и дека сака да го продолжи рекордот, додавајќи дека би биле потребни 332.064 години за да се изговори бројот составен од 31 трилион цифри.
Поранешниот пресметан рекорд се состоеше од 22 трилиони цифри.
Константниот математички број Пи, кој се добива со делење на периметарот на кругот со неговиот дијаметар, се употребува во области како инженерство, физика, суперкомпјутери и вселенски истражувања.