Bakir Tiro
20 Април 2021•Ажурирај: 21 Април 2021
НИОН
Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), изјави дека е неприфатливо формирањето на Супер лигата, затворено натпреварување на 12 богати клубови од Шпанија, Италија и Англија, известува Агенција Анадолија (АА).
„Моја задача е да го заштитам европскиот модел, клупските и репрезентативните натпреварувања. Доколку одлучат да одат во друга насока, тогаш ќе мораат да живеат со тој избор. Или излегуваат или остануваат, нема простор за премислување. ФИФА не го одобрува таквото натпреварување. Силно сме против формирањето на Супер лигата. Не ја одобруваме“, истакна Инфантино, обраќајќи се денес на Конгресот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион (Швајцарија).