Kasım İleri
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер ја поздрави спремноста на Саудиска Арабија да ги распореди трупите во Сирија, напоменувајќи дека за тоа прашање наредната недела во Брисел ќе разговараат со саудискиот колега, пренесува Anadolu Agency (AA).
Доколку меѓународната коалиција која се бори против терористичката организација ДАЕШ на престојниот состанок во Брисел одлучи да покрене копнена интервенција, Саудиска Арабија е спремна да испрати копнени сили во Сирија, изјави вчера гласноговорникот на саудиската војска, бригадниот генерал Ахмед ал-Асири.
"Ја поздравуваме таквата вест. Се радувам што за тоа ќе разговарам со саудискиот министер за одбрана наредната недела, како и за другите прашања за кои Саудиска Арабија може да придонесе" ,рече Картер.
Картер во Брисел ќе се состане со министрите за одбрана на 26 земји, кои се дел од меѓународната коалиција која ја води Вашингтон против ДАЕШ.
"Би требало да да спомнам дека владата на Саудиска Арабија изрази подготвеност да преземе водечка улога помеѓу земјите со муслиманско мнозинство" , рече Картер, истакнувајќи дека таа земја значително ќе допринесе во борбата против ДАЕШ.