Aida Cako
27 Октомври 2025•Ажурирај: 28 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) – „Вратата за мачки“, изградена во делот кај харемот на палатата Топкапи за време на османлискиот период, целосно е реставрирана, повторно овозможувајќи им на мачките да минуваат низ овој историски премин, јавува Анадолу.
Реставрацијата на „вратата за мачки “ во харемскиот дел на палатата Топкапи завршија со цел да се зачува нејзиниот оригинален изглед и функција, какви што биле пред неколку векови.
Овој мал премин, кој со векови бил дел од секојдневниот живот во палатата, опстанал до денес како симбол на сочувството и грижата што Османлиите ја покажувале кон домашните животни.
Вратата се наоѓа во делот од харемот каде што некогаш биле сместени просториите на Даруссаде-ага, висок службеник што служел во палатата.
Со завршувањето на реставрацијата, тивките чекори на мачките повторно одекнуваат низ историската атмосфера на палатата. Денес тие – неми сведоци на минатото – повторно шетаат по камените подови на харемот, токму како пред многу векови, минувајќи низ малата врата во различни агли на сарајот Топкапи.