Özcan Yıldırım
27 Октомври 2025•Ажурирај: 27 Октомври 2025
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија го пречека британскиот премиер Кир Стармер, кој е во посета на Турција, известува Анадолу.
Кадетите го пречекаа службениот автомобил на Стармер на улицата пред Претседателскиот комплекс и го испратија до официјалната порта.
Претседателот Ердоган го пречека Стармер на главниот влез од комплексот. Откако Ердоган и Стармер ги зазедоа своите места на просторот на кој се одржа церемонијата, оркестарот ги отсвири националните химни на двете земји.
На церемонијата беа поставени и знамиња и војници кои ги претставуваа 16-те турски држави основани низ историјата, а во чест на Стармер беше истрелан и плотун од 21 топ.
Британскиот премиер Стармер го поздрави Гардискиот полк со „Здраво војници“.
Претседателот Ердоган и Стармер си ги претставија своите делегации. Ердоган и Стармер се ракуваа пред турското и британското знаме и позираа пред претставниците на медиумите.
Оттука Ердоган и Стармер одржаа билатерална средба, а по работната вечера меѓу делегациите, тие ќе присуствуваат на церемонијата за потпишување на договори, по која ќе се одржат заедничка прес-конференција.
На церемонијата присуствуваа и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за национална одбрана, Јашар Ѓулер, генералниот секретар на претседателот, Хаки Сусмаз, турскиот амбасадор во Лондон, Осман Корај Ерташ, директорот за комуникации на претседателот, Бурханетин Дуран, и главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност, Акиф Чагатај Килич.