Yusuf Hatip
25 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
АНКАРА (AA) – Генералнот директор на Новиот јеменски медиа центар, Салех Алгабри, го посети заменик генералниот директор и главен уредник на Anadolu Agency (AA) Метин Мутаноглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на приемот во кабинетот на Мутаноглу, Алгабри истакна дека Новиот јеменски медиумски центар е основан за турскиот народ да има информации за случувањата во Јемен.
„Јемен поминува низ тешка граѓанска војна. Воочивме дека во Турција недоволно се следат тие случувања и затоа го покренавме овој проект“, рече Алгабри.
Мутаноглу во текот на средбата изрази подготвеност агенциската Академија за новинарство да помогне во едукација на јеменските новинари.
„Сакаме да ја пружиме сета можна поддршка на нашите браќа во развојот и обновата на Јемен“, порача Мутаноглу.
Тој исто така изрази подготвеност АА да го поддржи Новиот јеменски медиа центар на патот да стане респектабилна новинска агенција.
На состанокот присуствуваше и шефот на Одделот за сервисите на АА на странски јазици Мехмет Озтурк, а една од темите на разговорите беше актуелната ситуација во Јемен.