Göksel Kayseri
25 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
ИЗМИР (АА) - Во подрачјето на Урла, во турската област Измир, фатени се 59 мигранти кои по илегален пат се обиделе да преминат во Грција, а приведено е и едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на турската крајбрежна стража спроведоа акција во морскиот простор на Јагџилар при што спасени се 39 мажи,19 жени и четири деца.
Меѓу нив имало 31 државјанин на Еритреја, двајца државјани на Конго, тројца на Мали, 12 лица од Сенегал, седум од Ангола и четири лица мигранти од Сирија.
Жандармериските екипи, пак, покренаа акција на копно во која приведено е едно лице за кое постои сомнеж дека ги организирало илегалните премини на границата.
Мигрантите кои ќе бидат предадени на Дирекцијата за миграции во Измир, изјавија дека во населбата Јагџилар биле донесени со автомобили, од каде пешачеле по одредена делница за потоа да се качат на гумени чамци.