İlkay Guder
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Турција Нуман Куртулмуш, беше гостин на една емисија на телевизискиот канал НТВ, каде одговараше на прашањата поврзани со дневнополитичките настани. На прашањето во врска со терористичкиот нападот во Кајсери, вицепремиерот Куртулмуш прво го изрази своето сочуство до семејствата на загинатите и турските вооружени сили и побара божја милост за загинатите, јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерот Куртулмуш истакна дека се јасни целите на терористичките напади, кои минатата недела за цел ги имаа полицајците кои го обезбедуваа натреварот на стадионот „Водафон Арена" во истанбулската населба Бешикташ, овојпат нивна директна цел биле војниците на турската армија.
Турскиот вицепремиер Куртулмуш, рече дека терористичките организации кои во последно време имаат порази на сите полиња и се ставени во тешка ситуација, приморани се да се повлекуваат. Сакајќи да се освестат за последователните порази, терористичките организации за цел ги земаат безбеносните сили.
„Овие напади се напади на освета. Се збележува дека тоа се напори со кои се обидуваат да ја поправат сопствената состојба”, рече вицепремиерот Куртулмуш.
На прашањето дали меѓу телата на неидентификуваните загинати има и цивили, вицепремиерот Куртулмуш одговори: „Станува збор за нашите браќа војници кои имале дозвола за излез. Откако ќе биде завршена идентификацијата, информациите ќе ги поделиме со јавноста”.
- „Сѐ укажува дека ПКК е извршител на нападот”
Турскиот вицепремиер Куртулмуш околу коментарите дека извршител на терористичкиот напад е сепатаристичката терористичка организација ПКК, одговори: „Во моментов, сѐ укажува дека ПКК е извршител, стрелите се насочени кон таа страна. Но ние мораме да внимаваме на сите детали и да ги разгледуваме сите можности. Одговорните безбеносни единици земајќи ги во предвид сите детали и откако се ќе биде разјаснето вројатно ќе кажат 'Да оваа акција е изведена од страна на ПКК'. Но засега додека немаме официјални информации, можам да кажам дека сѐ укажува дека ПКК е извршител на нападот”.
На прашањето „Тука важен фактор е моментот што станува збор за место каде се обучуваат командоси, командоси кои земале учество во операциите против сепаратистичката терористичка организација. Според вас, изборот за напад на Кајсери, какво значење има?”, турскиот вицепремиер Куртулмуш одговори:
„Извршителите на еден безгрешен терористички напад не се среќаваат во кафана велејќи 'Ајде од тука да ги земеме бомбите и да одиме таму да ги активираме'. Минатата недела имавме бомбашки напад. Највероајтно во нападот во Кајсери се користени материјали кои се слични со материјалите кои се користени во нападот во Истанбул. Тоа не се материјали кои можете да ги купите во трговски центри, или на пазар. Се увидува дека станува збор за бомби кои се наоѓаат во пописните материјали на вооружените сили на неколку земји. Тоа значи дека зад овие акции стои логистичка поддршка, разузнавачка поддршка, политичко планирање, дури и од терористички аспект, имаме план во насока на создавање на тоталитаристичка организација.”
„Каде го наоѓаат оружјето и бомбите?”
Турскиот вицепремиер Куртулмуш на прашањето „Што ќе кажете, кои земји, какви пораки сакаат да и дадат на Турција?”, одговори:
„Ова не го кажувам само за ПКК, или ДЕАШ. Ниту една терористичка организација на светот не делува самостојно. Зад овие терористички организации стојат некои земји кои даваат различна поддршка. Ние од нашите пријатели го очеквуаме следното; не станува збор само за неколку зборови осуда на нападите, потребно е тие врз една заедничка основа да делуваат против овие терористички организации заедно со Турција. 'Да, ги осудуваме'. Ги осудувате, да, но тогаш од каде се наоѓа тоа оружје и тие бомби кај нив. Сѐ уште, во голем број земји, ПКК слобоно ги извршува своите политички активности. Имаме потреба од договор кој ќе ги осуди сите видови на теророт. Подготвени сме на тоа поле да ги поделиме сите разузнавачки информации и документи.”
За терористичкиот напад кој беше изведен во истанбулската населба Бешикташ, вицепремиерот Куртулмуш рече: „Засега за настанот во Долмабашче немаме сосема јасни показатели, како што тоа е случај во Кајсери. Во терорстичкиот напад во Долмабашче користени се фабрички бомби кои се дел од инвентарот на неолку земји. Проценката на полицијата е во таа насока”.