Kemal Karadağ
14 Август 2019•Ажурирај: 15 Август 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека беспилотни летала започнале да служат во контекст на формирање безбедна зона во северна Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за национална одбрана преку соопштение информираше за планираната безбедна зона во северот на Сирија, во координирација со Соединетите Американски Држави (САД).
„Продолжуваат активностите за формирањето на Заеднички оперативен центар во Шанлиурфа во рамките на планираната безбедносна зона, која треба да биде основана во северот на Сирија во координација со САД. Нашите беспилотни летала почнаа да служат во областа“, се вели во соопштението од Министерството за национална одбрана.