Sefa Şahin
21 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара изјави дека ниту една земја или институција која ги прифатила пучистите на ФЕТО, нема право да зборува за демократија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во Анкара им се обрати на претставниците на локалните заедници, а притоа говореше и за борбата против тероризмот.
Тој ги критикуваше земјите што ги отвораат своите врати на припадниците на терористичката организација ФЕТО, чии припадници во јули 2016 година во Турција изведоа обид за државен удар.
„Ниту една земја, ниту една институција којашто ги заштитува припадниците на ФЕТО што учествуваа во обидот за државен удар во Турција, нема право да зборува за демократија“, рече Ердоган.
Турскиот претседател ги критикуваше и земјте кои пружаат поддршка на терористичката организација ПКК, која, како што рече, убила десетици илјади луѓе, не правејќи притоа разлика помеѓу новородено дете и 80-годишен старец.
Ердоган потсети дека ПКК се наоѓа и на листата на терористички организации на ЕУ и порача дека Турција не може да ги сфати сериозно оние кои им пружаат поддршка на ПКК, а не на жртвите на таа терористичка организација.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, ЕУ и САД.
Во текот на тридецениската вооружена кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.