Lale Köklü
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ХАТАЈ (АА) - Турскиот заменик-премиер, Нуретин Џаникли, изјави дека пронајдениот пилот на сирискиот воен авион што падна вчера во турската гранична област Хатај, не е во животна опасност, јавува Anadolu Agency (AA).
Џаникли во Хатај истакна дека лечењето на пилотот којшто го преживеа уривањето на авионот и понатаму трае.
Да потсетиме, сириските опозициски сили соопштија дека доцна синоќа собориле авион на сириската војска, а остатоците од авионот се пронајдени во околината на турското село Јајлаџик, во близина на градот Антакија, на 35 километри од турско-сириската граница.
Пилотот од авионот се спасил скокајќи со падобран од авионот и пронајден е рано утринава по девет часа пребарување.
Станува збор за сириски државјанин кој турската полициија го префрли во државната болница во Хатај.
Запрашан дали пилотот ќе биде екстрадиран, Џаникли рече дека настаните се свежи и дека одлуката ќе биде донесена во следните неколку дена.
„Откако ќе се утврдат сите факти, ќе се одлучи. Сето ова е сè уште свежо. Откако ќе бидат познати деталите, со која цел и како паднал авионот во близина на турската граница, како и тоа во каква мисија учествувал пилотот и авионот ќе биде донесена конечна одлука“, додаде Џаникли.