Sarp Özer
06 Септември 2019•Ажурирај: 08 Септември 2019
МАЛАТИЈА (AA) - Министерот за одбрана на Турција Хулуси Акар изјави дека е планирано заедничката копнена патрола на Турција и Соединетите Американски Држави (САД) во рамките на планираната безбедна зона на северот на Сирија да почне на 8 септември, јавува Anadolu Agency (AA).
„Постои општ договор врз основа на кој очекуваме активностите да се изведуваат со одреден редослед и темпо", рече Акар во обраќањето во Малатија во Турција.
Акар исто така рече дека Турција и САД започнале воздушни патроли со хеликоптери и беспилотни летала.
Во рамките на прелиминарните активности за формирање на безбедна зона на северот на Сирија, турските и американските сили ја изведоа третата заедничка воздушна патрола источно од реката Еуфрат.
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека во патролата учествувале по два хеликоптери на Турските вооружени сили и војската на САД.
Во соопштението се наведува дека станува збор за прелиминарни патроли кои се одвиваат во согласност со првата етапа активности за воспоставување безбедна зона на северот на Сирија.