Diyar Güldoğan,Zehra Nur Düz,Dilara Hamit
06 Септември 2019•Ажурирај: 07 Септември 2019
РИМ (AA) - Предупредувањето на Турција дека на бегалците би можела да им ги отвори вратите на Европа не е ниту закана, ниту блеф, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова не е ниту закана ниту блеф. Ова е реалност“, истакна Октај во текот на посетата на Италија.
Неговата изјава следуваше ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека Турција може „да ги отвори своите врати“ за сириските бегалци да преминат во Европа, доколку Анкара не ја добие очекуваната поддршка.
Октај рече дека е погрешно мислењето дека Турција ќе поднесе нов бегалски бран.
„Турција не е чувар на која било друга земја ниту нивни мигрантски центар. Не сме земја која ќе плаќа сметки поради кризи кои други ги создаваат“, нагласи Октај.