Oktaj Omeragikj
21 Септември 2025•Ажурирај: 21 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција се надева дека претстојните одлуки на повеќе земји да ја признааат државата Палестина ќе го забрзаат спроведувањето на решението за две држави, известува Анадолу.
„Она што го прави ова Генерално собрание на ОН различно од претходните е тоа што многу земји ќе ја признаат државата Палестина“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул пред неговото заминување на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Во врска со учеството на сирискиот претседател Ахмад ал-Шара на овогодинешното Генерално собрание на ОН, турскиот претседател истакна дека Анкара нема да го напушти Дамаск и ќе ги користи сите расположливи средства за да помогне во зајакнувањето на својот сосед со секој изминат ден.
Турскиот претседател информираше и дека ќе има можност да се сретне со сирискиот претседател во Центарот ‘Туркеви’ во Њујорк за време на Генералното собрание.