Gizem Nisa Çebi Demir
29 Декември 2025•Ажурирај: 29 Декември 2025
АНКАРА (АА) – Најмалку шестмина терористи на ДЕАШ се убиени за време на антитерористичка операција во северозападната турска област Јалова, соопшти денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, јавува Анадолу.
Јерликаја истакна дека загинати се и тројца полицајци откако терористите отвориле оган врз нив.
Тој додаде дека осуммина полицајци и еден член на обезбедувањето биле ранети во судирот.
Операцијата била насочена против терористи на ДЕАШ во Јалова и спроведена е од турските безбедносни сили како дел од тековните антитерористички напори, нагласи министерот.