Seyit Ahmet Aytaç
17 Октомври 2018•Ажурирај: 17 Октомври 2018
АНКАРА (AA) - Гласоноговорникот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија) Омер Челик изјави дека Турција ќе направи се за да го реши случајот со исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето за медиумите по состанокот на Извршиот одбор на партијата, Челик се осврна на истрагата во зградата на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
„Турција ќе направи сѐ за да го реши случајот на исчезнатиот новинар Џамал Кашоги и ќе го сподели исходот од истрагата со целиот свет", изјави Челик.
На прашањето за извештаите дека Кашоги е убиен во конзулатот а неговото тело исечено на парчиња, Челик одговори дека подоцна ќе бидат познати повеќе детали.
„Ќе ги разјасниме сите прашања, но Кабинетот на државниот обвинител во Истанбул е задолжен за истрагата и ќе причекаме да видиме како тие ќе го заклучат тој случај", рече Челик.
Новинарот и колумнистот на весникот „Вашингтон пост" (The Washington Post) Џамал Кашоги исчезна на 2. октомври откако влезе во комплексот на конзулатот во Истанбул. Познат е како критичар на политиката која ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржуваше и весникот „Ал Ватан" кој претставува главна патформа на саудиските реформисти.