Fatih Çakmak
21 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
АНКАРА (АА) - По безбедносниот и правосудниот сектор, надлежните турски органи ги интензивираа истрагите и во дипломатскиот сектор во врска со поврзаноста на службениците со терористичката организација ФЕТО, која на 15 јули се обиде да го изврши државниот удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Истрагите ги води државното обвинителство во Анкара, а тие се однесуваат на сите сектори, вклучувајќи го образованието, приватниот сектор, безбедноста и правосудството.
Турското Министерство за надворешни работи во седиштето повика речиси 300 дипломати акредитирани во странските мисиии и во тек е истражната постапка за нивните евентуални врски со пучистите.
Во рамките на досегашната истрага, уапсен е поранешниот високопозициониран службеник, Гурчан Балик, кој беше шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи на Турција, додека таа функција ја извршуваше Ахмет Давутоглу. Балик беше и главен советник за надворешна политика и во кабинетот на поранешниот турски претседател Абдулах Ѓул.
Уапсени се и двајца поранешни турски амбасадори, и тоа поранешниот амбасадор во Канада, Тунџај Бабали, и поранешниот амбасадор во Костарика, Али Финдик. Станува збор за поранешни дипломати кои и претходно се наоѓале под истрага поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО.
Од Минитесрството за надворешни работи на Турција, соопштено е дека по завршувањето на истрагата против сите осомничени дипломати, ќе биде покрената судска постапка, а сите оние кои докажат дека немаат никаква поврзаност со организацијата ФЕТО ќе бидат вратени на своите должности.