Mücahithan Avcıoğlu
07 Јули 2026•Ажурирано: 07 Јули 2026
Секретарот за Одбранбени индустрии на Турција, Халук Ѓорѓун, денес разговараше со високи претставници од Шпанија, Полска и Јапонија на маргините на Форумот за одбранбена индустрија на Самитот на НАТО во Анкара, пренесува Анадолу.
Ѓорѓун на турската платформа за социјални медиуми NSosyal истакна дека се сретнал со заменичката-министерка за одбрана на Шпанија, Марија-Ампаро Валкарче и директорот за национално вооружување, генерал-потполковник Мигел Ивора Руиз, полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш и јапонскиот министер за одбрана Шинџиро Коизуми.
Како што истакна, на средбите биле разгледани чекорите за зајакнување на соработката во одбранбената индустрија. „Ќе продолжиме да ја развиваме нашата соработка со нашите сојузници и пријателски земји врз основа на меѓусебна доверба и во согласност со нашите заеднички интереси“, рече тој.