Ekipa
23 Октомври 2018•Ажурирај: 23 Октомври 2018
АНКАРА (АА) Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ќе говори за деталите поврзани со убиството на новинарот Џамал Кашоги, а Anadolu Agency (AA) во живо ќе го пренесува неговото обраќање.
Ердоган ќе се обрати во Клубот на пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот во Големото народно собрание на Република Турција.
Тој вчера рече дека убиството на новинарот Кашоги е пречувствително прашање на кое Турција пристапи максимално сериозно за да се открие вистината.
Најави дека за деталите ќе говори денес во Парламентот.
Обраќањето на Ердоган ќе започне во 10.45 часот, и директно ќе го пренесува АА.
Обраќањето ќе биде симултано преведувано на англиски и на арапски јазик.
Следете во живо на линкот: @AACanli + http://YouTube.com/AnadoluAjansi