Tutku Şenen
16 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
АГРИ (АА) - Најмалку девет лица загинаа, а тројца се ранети во напад што припадниците на терористичката организација ПКК доцна синоќа го извршија во југоисточната турска покраина Агри, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од канцеларијата на гувернерот во Агри, група терористи на ПКК синоќа извршиле вооружен напад на турските безбедносни сили во селото Ѓокчебулак на планината Тендурек.
Во нападот загинаа најмалку седуммина стражари на локалната територијална одбрана и двајца војници. Тројца војници се ранети.
Ранетите војници се префрлени во државната болница во Догубајазит. Турските безбедносни сили започнаа опсежна операција за фаќање на терористите, а во операцијата учествуваат и турските воздушни сили.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, а станува збор за група којашто веќе повеќе од три децении води вооружена кампања против Турција.
Досега во акциите животот го загубија повеќе од 600 припадници на турските безбедносни сили, а неутрализирани се повеќе од 7.700 терористи.