Barış Gündoğan,Serhat Çağdaş
17 Февруари 2017•Ажурирај: 17 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската војска, Хулуси Акар, ќе состане со американскиот колега Џозеф Данфорд во Адана, во воздушната база „Инџирлик“, јавува Anadolu Agency (AА).
Авионот во кој се наоѓал Данфорд утринава слета во базата „Инџирлик“, каде што ќе биде одржан состанокот.
Министерот за одбрана на Турција, Фикри Ишик вчера во Брисел изјави дека Данфорд денес ќе допатува во Турција, каде што ќе се состане со началникот на ГШ на Турските вооружени сили, Хулуси Акар.