Abidin Mutlu Bozdağ
10 Мај 2021•Ажурирај: 11 Мај 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Аеродромот „Истанбул“ во Турција учествува на натпреварот организиран од списанието „Travel and Leisure“ во категоријата „Десет најдобри меѓународни аеродроми во светот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за анкетата за „World's Best Awards 2021“ што секоја година ја организира престижното списание „Travel and Leisure“.
Управата на аеродромот преку објава на социјалните мрежи соопшти дека анкетата завршува денес.
Во анкетата може да се гласа преку веб-страницата https://wba.m-rr.com/home.
Аеродромот „Истанбул“ беше свечено отворен и со првата фаза на работа започна во октомври 2018 година и спаѓа во редот на најголемите и најважните аеродроми во светот.