Barış Gündoğan
14 Септември 2019•Ажурирај: 16 Септември 2019
АНКАРА (AA) - Најмалку пет припадници на терористичката организација ПКК неутрализирани се во акција на турските спасувачи спроведена во источната турска област Ван, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Турција наведено е дека успешно е изведена акција против терористите во местото Гевас, во близина на градот Ван.
Во акцијата неутрализирани се најмалку пет припадници на ПКК, а акцијата на тоа подрачје продолжува.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Во текот на таа терористичка кампања против Турција, која трае повеќе од 30 години, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.