Ferdi Türkten,Aybüke İnal
14 Септември 2019•Ажурирај: 15 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Два земјотреси со јачина од 4,7 и 4,8 степени по Рихтер во растојание од три минути го погодија утринава турскиот град Чанкири, околу 130 километри североисточно од Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската владина агенција за вонредни ситуации (AFAD) соопшти дека епицентарот на двата земјотреси во растојание од три минути е забележан во местото Черкеш, во близина на Чанкири.
Првиот земјотрес е забележан на длабочина од 13,66 километри, додека другиот земјотрес е забележан на длабочина од 4,13 километри.
Во руралните подрачја околу Чанкири е забележана помала штета на станбените објекти.
Тресењето на тлото го почувствувале и жителите на Анкара и во околината на главниот град на Турција.