Ecenur Çolak
28 Јануари 2017•Ажурирај: 28 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара ја прими британската премиерка Тереза Меј, која престојува во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј, по посетата на САД, утрово допатува во Анкара, каде ја прими претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. Откако на фоторепортерите и камерманите им беше дозволено да го забележат почетокот на состанокот, разговорот на Меј и Ердоган продолжи зад затворени врати.
По состанокот со Ердоган, британската премиерка во палатата Чанкаја свечено ќе ја дочека и премиерот Бинали Јилдирим. Премиерите на двете земји ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите.
Меј, по доаѓањето во главниот град Анкара, најрпрвин го посети Антикабир, маузолејот на основачот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк, каде положи венец.
Тереза Меј минатата година стапи на должност на премиерка на Велика Британија, а за време на посетата на Турција ќе стане збор за борбата против терористичката организација ДЕАШ, ситуацијата во Сирија како и за некои други билатерални политички и трговски односи.