Sevil Çelik
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција Фикри Ишик денеска во Истанбул изјави дека е разочарувачка одлуката на Грција за неиспорачување на осумте турски војници пучисти, кои по неуспешниот јулски воен удар во организација од терористичката организација ФЕТО, со хеликоптер пребегаа од Турција во соседна Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ишик денеска во Истанбул присуствуваше на церемонијата при предавање на подморницата за спасување ТЦГ Алемдар (A-582) на турската морнарица, и по тој повод се осврна на одлуката на грчкиот суд, кој одби да ги испорача осумте пучисти кои по 15 јули со хеликоптер избегаа во оваа земја.
„За жал, по неколку месечниот судските процес, Грчкиот Врховен суд издаде разочарувачка одлука. Ова не е една судска одлука, ова не е одлука што ја дели судската правда. Ова е политичка одлука", рече Ишик.
Тој посети дека луѓето кои Грција не сака да ги екстрадира беа причина да страдаат 2.193 луѓе, за време на обидот за државен удар.
„Грција со ваквата одлука покажа колку е на погрешен пат кога станува збор за тероризмот и борбата против тероризмот. Тоа што очекуваме од Грција промена на оваа одлука и брза екстрадација на осумте пучистите", рече Ишик.
Министерството за правда на Република Турција вчера по втор пат до Грција испрати барање за екстрадиција на осум турски војници пучисти, кои по неуспешниот воен удар во јули од страна на терористичка организација ФЕТО, со хеликоптер пребегаа од Турција во соседна Грција.
Второто барање беше испратено само еден ден откако Грција ги одби претходните испратени барање за екстрадиција.