Fatih Çakmak
19 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу, положи 28 каранфили на местото на терористичкиот напад во Анкара, и се помоли за 28 лица убиени во нападот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претходно, турскиот премиер присуствуваше на комеморацијата одржана во воената болница ГАТА во Анкара, од каде каде телата на мртвите ќе бидат подготвени и закопани. Давутоглу положи 28 каранфили во знак на сеќавање на истиот број на луѓе убиени во терористички напад во Анкара.
Во придружба на Давутоглу, беше министерот за внатрешни работи Ала Ефкан и министерот за одбрана Исмет Јилмаз, кој исто така, положи каранфили. Гувернерот на Анкара Мехмет Киликлар го информираше Давутоглу за деталите на терористичкиот напад.
Местото на настанот и околните улици сеуште се затворени за сообраќај.